ЦУК предупредува: Многу висок FWI попладнево носи зголемен ризик од шумски и отворени пожари
- Според податоците од Системот за шумски пожари – МКФФИС, денеска во девет часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), информира директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али.
- Според него, во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со многу висок FWI, што укажува на зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со многу висок интензитет.
- Во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари, апелирам до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа.
Извори
-
ЦУК предупредува на брзо ширење на пожарите
Извор: www.slobodenpecat.mk
-
ЦУК предупредува: Многу висок FWI попладнево носи зголемен ризик од шумски и отворени пожари
Извор: a1on.mk
-
ЦУК предупредува: Многу висок FWI попладнево носи зголемен ризик од шумски и отворени пожари
Извор: zurnal.mk