ЦУК: Невремето предизвика поплави и штети и во другите градови на Македонија, службите се на терен
- Биле пријавени поплавени куќи, подрумски простории и гаражи во населбите Кисела Вода, Автокоманда и Чаир, како и поплавени магацини во Чаир и Кисела Вода.
- Во Општина Радовиш пријавено е паднато дрво врз автомобил и поплавување на три улици.
- Велешки регион Поради невремето во Општина Велес, ЈКП „Дервен“ интервенирало на отстранување паднато дрво кај Ликовниот салон, додека ЈП „Македонија пат“ интервенирало три пати на автопатот Скопје – Градско поради паднати дрвја и еднаш на локалниот пат Велес – Градско поради одрон и паднато дрво.