DAY.MK

обновено 19:04, 16.09.2026

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

пред 27 минути 3 извори
ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

Кратко

  • Според податоците заклучно со 18 часот, активни се пожарите кај селото Рапеш во Општина Новаци, каде е зафатена ниска вегетација, како и кај селото Говрлево во Општина Сопиште, каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.
  • Од вкупно 11 пожари на отворен простор регистрирани во текот на денот, активни остануваат два, еден е ставен под контрола, а осум се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
  • Во текот на денот изгаснати се осум пожари на отворен простор, и тоа кај селото Раовиќ во Општина Сарај, на улиците „Алпи“ и „Боро Менков“ во Општина Бутел, кај селото Мралино во Општина Илинден, меѓу селата Еднокуќево и Моноспитово во Општина Босилово, на улицата „Вера Циривири“ во Велес, како и кај селата Враништа и Мислешево во Струшко.

Повеќе статии