Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство
- Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој на Преспанскиот регион.
- Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија и ја нагласи важноста од понатамошно унапредување на соработката за обезбедување долгорочна заштита и одржлив развој.
- Европската Унија ќе продолжи да инвестира во иницијативи за долгорочна заштита, а во рамки на програмите како „ЕУ за Преспа“ се реализираат проекти за заштита на биодиверзитетот, одржливо управување со природните ресурси, водите и отпадот, како и за поттикнување на локалниот економски развој.