DAY.MK

обновено 05:19, 14.03.2026

Филипче: Наместо да ги заштити, власта профитира врз грбот на граѓаните

пред 21 часа 4 извори
Филипче: Наместо да ги заштити, власта профитира врз грбот на граѓаните

Кратко

  • Владата наместо да донесе мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од ценовните шокови од поскапувањето на горивата, дополнително сака да профитира врз грбот на граѓаните, вели во интервјуто за неделникот Фокус, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
  • Тој додаде дека на овој начин, со новиот правилник и покрај тоа што цената на нафтата на светските берзи на почетокот на неделава се намали, треба да се чека цела недела за РКЕ да направи корекција.
  • Кога цената на нафтата на светските берзи бележи пад, како што се случи на почетокот на неделава, кога се движеше од 84 до 86 долари за барел, што е поевтино во споредба со цената од 96 евра минатата недела, да важеше стариот правилник, РКЕ ќе ја намалеше цената на горивата и граѓаните ќе купуваа поевтин дизел и бензин.

Повеќе статии