Фатен крадец на дело во Струмица, затекнат при извршување кражба во црква
- Х. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Со него бил и неговиот малолетен син, по што е известен Центарот за социјални работи Струмица, кој го предал детето на неговата баба.
- во 23:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С. Х. Тој е затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица, при што одзел пари.