DAY.MK

обновено 13:30, 16.05.2026

Утре бесплатна тура на тема „Женското наследство во Центар”

пред 2 часа 3 извори
Утре бесплатна тура на тема „Женското наследство во Центар”

Кратко

  • Едукативната програма „Центарски прошетки” е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, со цел поголема информираност и приближување на културното наследство до граѓаните.
  • Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на бесплатната едукативна тура на тема Женското наследство во Центар, која ќе се одржи утре, на 17 мај, со почеток во 12:00 часот, кај фонтаната Лотосов цвет во Градски парк.
  • Прошетката ќе опфати посета на неколку клучни споменици, каде учесниците ќе имаат можност да слушнат приказни и историски факти, меѓу кои и онаа за партизанката Вера Јоциќ, Споменикот на ослободителите на Скопје, Паркот „Жена Борец“ и др.

Повеќе статии