DAY.MK

обновено 02:14, 15.07.2026

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

пред 12 часа 3 извори
Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Кратко

  • Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
  • Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за компјутерски фалсификат, за што ѝ е утврдена казна затвор од шест месеци.
  • Татјана Димитровска во судница: Не се чувствувам виновна Во истиот предмет, Судот го прогласи за виновен ревизорот Миле Столевски за кривичното дело компјутерски фалсификат.

Повеќе статии