DAY.MK

обновено 12:01, 24.10.2026

Уапсен возач на „ролс-ројс“ на автопатот Тетово – Гостивар, „летал“ со 194 км/ч

пред 13 часа • 3 извори
Уапсен возач на „ролс-ројс“ на автопатот Тетово – Гостивар, „летал“ со 194 км/ч

Кратко

  • Поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, од слобода бил лишен возачот Б. М. Од МВР информираат дека се преземаат соодветни мерки и против него ќе биде поведена постапка согласно закон.
  • Возач на „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки бил фатен како вози со брзина од 194 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.
  • Според информациите од Министерството за внатрешни работи, прекршокот бил регистриран денеска, на 23 октомври, во 12:05 часот, од полициски службеници на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои користеле специјално полициско возило – пресретнувач.

Повеќе статии