Трагедија во Куманово: Му се слошило зад волан, па со автомобилот излетал од патот
- Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 22 март 2026 година на местото викано „Кантон“.
- Шеесет и четиригодишен жител на Куманово го загубил животот додека управувал автомобил, по што возилото излетало од патот на локалната делница меѓу селата Клечовце и Шупљи Камен.
- Патничко возило „даеву тико“, управувано од М. Д. излетало надвор од коловозот.