Тошковски: Ќе се воведе ново овластување со кое полициски службеник да може веднаш да изрече итна мерка за жртвата на семејно насилство и сторителот да го отстрани од домот
- Семејното насилство со години било јасно видлив проблем и во институционалната пракса и во статистиката, но предолго се третирало фрагментирано, со задоцнета реакција и без суштинска координација меѓу институциите – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски .
- На денешната надзорна расправа во Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, посветена на семејното насилство и неговата превентива, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави измени во Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, особено во делот на итните и привремени мерки.
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговараше на поставени прашања од членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и нагласи дека според податоците од месец март системот почнува да се движи поинаку, институциите конечно почнуваат да го третираат со сериозноста што одамна ја заслужува овој огромен општествен проблем.
Извори
-
Тошковски: Над 44.700 случаи на семејно насилство за седум години, следуваат итни мерки и нови овластувања за полицијата
Извор: novamakedonija.com.mk
-
ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО СО НОВИ ПОЛИЦИСКИ ОВЛАСТУВАЊА И „БОДИ КАМЕРИ“ Министерот Тошковски ги претстави законските измени
Извор: plusinfo.mk
-
Тошковски најави нова мерка: Итна заштита за жртвите на семејно насилство
Извор: a1on.mk
-
Тошковски: Ќе се воведе ново овластување со кое полициски службеник да може веднаш да изрече итна мерка за жртвата на семејно насилство и сторителот да го отстрани од домот
Извор: libertas.mk