ТОШКОВСКИ ЗА БЕЗБЕДЕН ГРАД: Помалку 34 жртви и повредени, од 12 октомври ќе биде активиран и во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
- Од 12 октомври паметниот систем „Безбеден град“ ќе почне да се применува и на територијата на СВР Охрид, односно во Охрид, Дебар, Кичево и Струга – најави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад.
- Што се однесува до условите за работа во СВР Охрид, Тошковски посочи дека е планирано службите да бидат префрлени во нов објект во поранешната касарна во Охрид, каде што подоцна ќе биде дислоциран и командниот центар на системот „Безбеден град“, кој дотогаш ќе функционира во објектот на Регионалниот центар Запад.
- Информацијата денеска ја соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој информираше дека подготовките за старт на системот се во завршна фаза, и дека во следните две недели треба да се завршат преостанатите активности поврзани со командниот центар и имплементацијата на системот.
Извори
-
Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
Извор: a1on.mk
-
ТОШКОВСКИ ЗА БЕЗБЕДЕН ГРАД: Помалку 34 жртви и повредени, од 12 октомври ќе биде активиран и во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
Извор: denesen.mk
-
Од 12. октомври „Безбеден град„ и во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
Извор: emagazin.mk