Топлотен бран кон крајот на септември: во Македонија температурите ќе се искачат до 30 степени
- За недела, 27 септември, прогнозите покажуваат максимални температури од 20 до 27 степени, додека до вторник, 29 септември, во одредени делови од земјата температурите би можеле да достигнат околу 30 степени.
- Над континентот ќе се воспостави силен гребен на висок воздушен притисок, кој ќе овозможи продор на топол воздух од северна Африка и Медитеранот кон западна и централна Европа, а потоа и кон северните и југоисточните делови на континентот.
- Тоа би го продолжило периодот со температури значително над просекот, особено во западна, централна и северна Европа.