Тие што нè доведоа до најголемиот пораз во 2024 г. сега критикуваат за Брвеница, реагираат од СДСМ на обвинувањата од платформата
- СДСМ: Резултатите во Брвеница го потврдуваат трендот дека поддршката за ВМРО-ДПМНЕ се намалува, а довербата во СДСМ расте Од платформата обвинуваат дека со вчерашниот прв круг од вонредните локални избори за градоначалник во Брвеница, се потврдило дека актуелното раководство на СДСМ одработува за власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
- Овој аргумент на кој се повикуваат и ВМРО-ДПМНЕ и платформата „Разговори за иднината во 12:05“, според СДСМ покажува дека партијата на власта и групата, што бара реформи во СДСМ и смена на актуелното раководство на партијата, соработуваат.
- Инаку, на вонредните локални избори за градоначалник во Брвеница кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски освои 2 943 гласа, додека кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, Аркин Јахији, е втор, со освоени 2 152 гласа.
Извори
-
Раководството на СДСМ повторно одработи за ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, велат од платформа „Разговори за иднината во 12:05“
Извор: 360stepeni.mk
-
Тие што нè доведоа до најголемиот пораз во 2024 г. сега критикуваат за Брвеница, реагираат од СДСМ на обвинувањата од платформата
Извор: 360stepeni.mk
-
Тие што нè доведоа до најголемиот пораз во 2024 г. сега критикуваат за Брвеница, реагираат од СДСМ на обвинувањата од платформата
Извор: libertas.mk