Судењето за „Пулс“ продолжува со нови сведоци во судницата во Идризово
- Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
- Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.
- На минатото рочиште сведочеше Живко Ставревски, помошник-генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, кој посочи дека до 2020 година не биле предвидени редовни инспекциски надзори во општини без инспектори, при што Кочани немало покриеност за проверки и превенција.