DAY.MK

обновено 16:03, 01.06.2026

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот

пред 2 часа 3 извори
Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот

Кратко

  • Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството – Милан Ристески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“ кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти.
  • Техничкиот советник на Обвинителство Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган Јакимовски, рече дека вештачењето е од 26 јануари 2024 година, а најголемите дел се медицински досиеја на пациенти од Клиниката за Онкологија кои биле лекувани и се дадени на вештачење во странство – во Словенија и Србија.
  • Судот информираше дека досега се испитани сите оштетени за кои имало лични документи, по што ќе следува сослушување на техничкиот советник на одбраната.

Повеќе статии