Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена
- Кога Македонија требаше да го смени Уставот, да го смени името за да влезе во НАТО и во Европска Унија, Софија немаше никаков проблем со ништо во рамки на добрососедството, кога влегуваше Македонија во НАТО немаше никаков проблем од страна на Бугарија, од тогаш навака на три пати се појавува.
- Стоилковски објасни дека Македонија се наоѓа во ваква ситуација поради грешките направени од претходната власт и посочи дека лекцијата во СДС и покрај сите фатални грешки, се уште не е научена.
- Би требало да се застане да се види до каде е ситуацијата, да се направи едно единство во државата.