Стерјовски: Празниот простор што го оставија Албанија и Македонија во Општина Пустец го пополнува Бугарија
- Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во телевизиско гостување говореше за бугарските донации во Општина Пустец, бугарските пасоши, пописот на населението и односот на албанската и македонската држава кон македонското малцинство во Албанија.
- Стерјовски нагласи дека МАЕИ не е против хуманитарната помош или бесплатните медицински прегледи за жителите на Пустец, туку, како што истакна, против политичката и медиумската употреба на тие активности за создавање впечаток дека во општината живеат Бугари.
- Ние бевме против донациите што дојдоа токму од фондации од Бугарија и кои овие донации ги искористија во медиумите за да покажат дека во Општина Пустец живеат Бугари“, рече Стерјовски.
Извори
-
(ВИДЕО) Стерјовски: Празниот простор што го оставија Албанија и Македонија во Општина Пустец го пополнува Бугарија
Извор: a1on.mk
-
Стерјовски: Празниот простор што го оставија Албанија и Македонија во Општина Пустец го пополнува Бугарија
Извор: zurnal.mk
-
Стерјовски: Празниот простор што го оставија Албанија и Македонија во Општина Пустец го пополнува Бугарија
Извор: telma.com.mk