Став на Партијата на пензионери за цените на лековите и кризата со енергенси
- Партијата на пензионери стои на располагање со целиот свој капацитет на експертиза и знање за допринос во интерес на сите граѓани.
- Бараме да не се дозволат злоупотреби од било каков вид и обем, кои вештачки би се пренеле во сите сфери на економијата и со самото тоа на секојдневниот, и онака оптоварен, живот на сите граѓани на земјата.
- Исто така, ја охрабруваме и поддржуваме Владата за благовремено и сеопфатно носење на сите соодветни мерки и активности, а со цел за подобро справување со моменталната светска, но воедно и домашна, криза со сите видови на енергенси во земјата.