Средношколски дијалог со претседателката Сиљановска-Давкова
- Предмет на дебатата беа тешки прашања: безбедноста на младите во небезбеден свет; медиумската писменост во амбиент на информативна хиперпродукција; притисокот да се биде успешен во не секогаш рамноправен натпревар, како и односот на младите кон пушењето и марихуаната и развивањето свест и отпорност кон зависноста.
- Шеесетина средношколци учествуваа во дијалог со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, кој се одржа во претседателскиот Кабинет во организација на Советот за млади, се наведува во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, кое МИА го пренесува интегрално.
- Претседателката укажа на презаситеноста на медиумскиот простор со политика и недозволиво отсуство на информации од областа на науката, културата, образованието и спортот.