DAY.MK

обновено 21:37, 11.03.2026

Средба на Хоџа со претставници на ЕБОР: Продлабочување на партнерството со ЕБОР за модерна инфраструктура и зелени инвестиции

пред 2 часа 6 извори
Средба на Хоџа со претставници на ЕБОР:  Продлабочување на партнерството со ЕБОР за модерна инфраструктура и зелени инвестиции

Кратко

  • Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со делегација на Европската банка за обнова и развој, предводена од Елена Гордеева, директор и раководител на Секторот за инфраструктура за Европа, со седиште во Лондон и Фатих Туркменоглу, раководител на ЕБОР за Северна Македонија.
  • На средбата се разговараше за тековната соработка меѓу Министерството и ЕБОР и за можностите за нивно понатамошно унапредување.
  • Министерот Хоџа ја истакна важноста на партнерството со ЕБОР во реализацијата на клучните еколошки проекти во Северна Македонија, нагласувајќи дека поддршката од меѓународните финансиски институции е исклучително значајна за забрзување на реформите и воведување современи решенија за предизвиците во животната средина.

Извори

Повеќе статии