Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман
- Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија.
- Потсетувајќи дека нашата држава е 100% усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, претседателката истакна дека во време на сложени геополитички предизвици, најдобар начин за зајакнување на отпорноста кон трети страни е интеграцијата на земјите од регионот на Западниот Балкан во Унијата.
- На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна дека членството во Европска Унија останува наш стратешки приоритет, и покрај блокадата на процесот.