Средба на министерот Муцунски со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау
- Министерот Муцунски и заменик-државниот секретар Ландау разменија мислења и за состојбите во регионот и процесот на европска интеграција, при што беше нагласена важноста од континуираниот ангажман на Соединетите Американски Држави како клучен фактор за стабилноста на Западен Балкан.
- Република Македонија е првата европска земја која во Вашингтон реализира сесија на Стратешкиот дијалог во мандатот на оваа администрација.
- Средбата ја потврди силната и растечка соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија и ја истакна заедничката посветеност на двете земји кон регионалната стабилност, економската соработка, развојот на енергетскиот сектор и соработката во рамки на НАТО.
Извори
-
Средба на Муцунски со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау
Извор: 24info.mk
-
Средба на министерот Муцунски со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау
Извор: kurir.mk
-
Средба на министерот Муцунски со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау
Извор: kanal5.com.mk