Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада
- На дневен ред е и предлог одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
- На дневен ред пред пратениците, е и предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.
- Собранието ќе ја одржи 98. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и предлог законските измени на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кои се се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничката влада.