Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка
- Вкупниот износ на заемот што ќе го додели Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка изнесува 25 милиони евра, а рокот на отплата на заемот е 12 години, со вклучен грејс-период од 3 години и каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон.
- Со претходниот закон се враќаа средствата, а со овој закон по нова постапка ги побаруваме тие средства, на поцелосен, посеопфатен начин и повеќеинституционална вклученост ги позајмуваме овие средства - рече Јанкуловски.