Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба
- Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка бидејќи според нив двете законски решенија не се реформски и со нив само декларативно се следат целите од Реформската агенда.
- Пратениците од владеачкото мнозинство, пак посочија дека законските решенија, се донесени низ демократска процедура и во нив се инкорпорирани и двете крупни барања на засегнатите страни, по однос на нивниот статус и примања.
- Собранието денеска во рамки на 108. седница ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба.