Со инвестиција од 12 милиони евра преку ТАВ програмата обновен е оперативниот блок на ГОБ „8 Септември“
- Според генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт, сите операциони сали и простории за интензивна нега се опремени со најсовремена опрема и се во согласност со најновите медицински стандарди и препораките на Светската здравствена организација.
- Со реконструкцијата се опфатени седум специјализирани операциони сали, одделите за интензивна нега и за патологија, административни кацеларии, кровната конструкција, клиничките лаборатории и придружните простории.
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека станува збор за значаен проект за македонското здравство бидејќи добиваме најмодерен регионален објект и оти, како што вели, вакви услови северно до Виена нема.
Извори
-
Со инвестиција од 12 милиони евра преку ТАВ програмата обновен е оперативниот блок на ГОБ „8 Септември“
Извор: republika.mk
-
📷 (ГАЛЕРИЈА) „ВАКВИ УСЛОВИ СЕВЕРНО ДО ВИЕНА НЕМА“ Мицкоски за реновираниот блок на „8 Септември“
Извор: plusinfo.mk
-
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО
Извор: setaliste.mk