Со 204 километри на час „летал“ по автопатот кај Смоквица, уапсен 29-годишник
- Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил со брзина од 204 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
- Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 29 јули во 21:26 часот, на автопатот А1 кај клучката Смоквица, полициски службеници од ОВР Гевгелија при СВР Струмица, при контрола со радар го запреле Ж. Д. од Гевгелија, кој управувал патничко возило „БМВ“ со гевгелиски регистарски ознаки.
- По констатираниот прекршок, возачот бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија.
Извори
Повеќе статии
Потврдени се 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба
19 извори
Клековски: Во болницата во Битола ќе се децентрализира и дел од терапијата за мултипла склероза
5 извори
По наредба на Мицкоски, Гаши го тргнал законот за Скопје — европска престолнина на културата, ќе има јавна расправа
7 извори