DAY.MK

обновено 16:20, 22.05.2026

Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера, во предистрага малку се зборува, а многу се работи

пред 25 часа 7 извори
Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера, во предистрага малку се зборува, а многу се работи

Кратко

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во изјава за МИА во врска со пишувањата во медиумите за наводна шпионска афера во нејзиниот Кабинет рече дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на пресумцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка.
  • Јас почитувам поделба на власта, но не можам да не кажам дека малку сум збунета со одговорите на новинарските прашања или со објавите што доаѓаат токму од Обвинителството за организиран криминал, во кои се објаснува нивната комуникација со Министерството за внатрешни работи.
  • Меѓутоа, мислам дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка и во поглед на презумпцијата на невиност, но како што реков и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање на кривична постапка“, заклучи претседателката .

Извори

Повеќе статии