Се работи на решение да се ограничат местата за брзи кредити до коцкарниците
- Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение со кое ќе се ограничи до коцкарниците да има канцеларии за издавање брзи кредити.
- Со предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, усвоен вчера на владина седница, се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа – во казина, автомат-клубови и електронски игри на среќа – да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта.
- Ценам дека со овој закон во морална смисла на зборот драматично ќе ја подобриме состојбата во државата, така што апсолутно стоиме зад овој закон и стоиме во одбрана на овој закон - рече Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.
Извори
Повеќе статии
Филков: Одлуката за мазутот е удар врз довербата, очекувам ОЈО ГОКК да објасни зошто ја запре истрагата
8 извори
ОЈО соопшти детали: Допирал девојчиња на возраст од 10 до 13 години додека им држел дополнителни часови
5 извори
Тешко повреден млад полицаец – обидувајќи се да избегне лисица изгубил контрола
5 извори