Се модернизира ООУ „Гоце Делчев“ – нови училници и топлински пумпи
- Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со својот тим, денес изврши увид во тековните градежни активности во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, каде што интензивно се одвива доградбата на училиштето, како и во активностите за унапредување на системот за греење со топлински пумпи.
- Доградбата на ООУ Гоце Делчев и новиот систем за греење се конкретни инвестиции кои значат подобри услови денес, но и создавање подобра иднина за нашите деца, истакна градоначалникот Митески.
- Паралелно се реализира и проектот за подобрување на системот за греење со поставување топлински пумпи, согласно со Меморандумот за соработка меѓу УНОПС и Општина Аеродром.
Извори
-
Општина Аеродром: Се модернизира ООУ „Гоце Делчев“ – нови училници и топлински пумпи
Извор: makfax.com.mk
-
Се модернизира ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче – ќе добие доградба и топлински пумпи
Извор: netpress.com.mk
-
Се модернизира ООУ „Гоце Делчев“ – нови училници и топлински пумпи
Извор: kanal5.com.mk