Се бара притвор, четворица уапсени за пукање на свадба
- Осомничените, на 31 јули вечерта, во дворно место од семејна куќа во селото, на свадбена прослава, употребиле огнено оружје и тоа три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар со кои пукале во воздух и со тоа ги довеле во опасност животите на поголем број присутни на свадбената прослава.
- Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на секој од осомничените, а едниот од нив покрај македонско има и словенечко државјанство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.
- Како што информираат од ОЈО, отккао била добиена пријава, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четирите лица кои на 31 јули вечерта, во дворно место од семејна куќа во селото, на свадбена прослава, употребиле огнено оружје.
Извори
-
Пукале со три пиштоли и пушка на свадба во Добри Дол – четворица завршија под истрага
Извор: mk.tv21.tv
-
Предложен притвор на „пукачите“ во Добри Дол поради предизвикување општа опасност
Извор: denesen.mk
-
Се бара притвор, четворица уапсени за пукање на свадба
Извор: faktor.mk
-
Обвинителство отвори истрага против четири лица што пукале на свадба во Гостивар
Извор: meta.mk
Повеќе статии
7 извори
7 извори
5 извори