СДСМ: Со случајот за Груби се режира циркус, сè е однапред договорено
- И ако нема безбедносна проценка од АНБ и МВР, врз основа на што Обвинителството донело одлука за куќен притвор?
- Обвинителството под контрола на Мицкоски ја правдаше скандалозната одлука за куќен притвор со наводна безбедносна проценка од МВР и АНБ.
- Само неколку часа подоцна, директорот на затворот ‘Шутка’, кадар на ВМРО-ОКГ, го демантираше Обвинителството, тврдејќи дека ниту АНБ ниту МВР воопшто не извршиле безбедносна проценка“, наведуваат од СДСМ.