СДСМ: Mицкоски и се заканува на опозицијата со прогон
- Христијан Мицкоски повторно, јавно и пред камерите, „имал чувство“ дека во блиска иднина ќе започнат судски процеси против поранешни високи функционери на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада и членови на нивните семејства, велат од СДСМ.
- Наместо да се занимава со обезбедување услови за владеење на правото, Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата со прогон и да ја плаши јавноста, велат од СДСМ.
- Но, никому, па ниту на премиерот, не му е дозволено да ги злоупотребува државните институции како оружје против политичките противници, ниту да ги претвора во штит за сопствените криминални врски.