Савески за претепаната девојка во Охрид: Обвинителот разговараше со жртвата, тој исказ е со голема доказна вредност
- Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска одговори дека охридското обвинителство постапува за случајот со претепаната девојка, од својот партнер во Охрид, и дека веќе се врши и разговор со нападнатата девојка, која е задржана на болничко лекување.
- Ве уверувам дека јавното обвинителство ги превзема сите истражни дејствија се со цел да се расветли во целост овој случај и очекувам во текот на денот да бидам известен од надлежен јавен обвинител, дури и да донесе конечна јавна обвинителска одлука, рече Савески.
- Тој исказ е многу суштествен, од него ќе ни произлезат многу докази кои што се со голема доказна вредност, истакна републичкиот јавен обвинител.
Извори
- Савески за претепаната девојка во Охрид: Обвинителот разговараше со жртвата, тој исказ е со голема доказна вредност
Извор: press24.mk
- Савески за претепаната девојка во Охрид: Обвинителот разговараше со жртвата, тој исказ е со голема доказна вредност
Извор: libertas.mk
- Савески за можноста за потешка квалификација за нападот во Охрид: Исказот на жртвата е суштествен
Извор: kurir.mk