„Рекордна реализација на капиталните инвестиции“: Николовски се пофали оти Министерство за транспорт е најдобро
- Сериозно сме посветени на инвестициите, Буџетот во моментов е во одлична кондиција, а Министерството за транспорт е рекордер во работење годинава со 65 % реализација на капиталните инвестиции до сега, истакна во гостувањето на “Топ Тема” на ТВ Телма, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
- Во однос на капитални расходи, многу сум горд на тоа што Министерството за транспорт е апсолутен рекордер во работење, заклучно со 31. март, односно во првиот квартал оваа година, реализацијата на капитални расходи е 65%, а на ниво на Влада е 32%.
- Не можете да најдете ниедна година откако државата е самостојна со вакви бројки, што значи дека сериозно сме посветени на капиталните расходи и инвестиции - потенцираше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.
Извори
-
Николоски: Имаме рекордна реализација на капитални инвестиции
Извор: 24info.mk
-
„Рекордна реализација на капиталните инвестиции“: Николовски се пофали оти Министерство за транспорт е најдобро
Извор: faktor.mk
-
Министерството за транспорт со 65 % реализација на капиталните инвестиции досега
Извор: netpress.com.mk