Радовишанец силуваше малолетно девојче
- Во текот на 2025 па до 23. во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако знаел дека немала наполнето 15 години.
- СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон.
- Тој е уапсен, задржан е во просториите на Полициската станица Радовиш и во текот на денот ќе биде изведен пред судија од Основен суд Струмица.
Извори
-
Радовишанец силуваше малолетно девојче
Извор: a1on.mk
-
Кривична за 26 годишник од радовишко – силувал дете кое нема наполнето 15 години
Извор: libertas.mk
-
Кривична пријава за радовишанец за силување на дете кое не наполнило 15 години
Извор: telma.com.mk