Промоција на вториот том „Македонци“ од д-р Светозаревиќ вечерва во Скопје
- Вториот том од книгата „Македонци“ на Бранислав Светозаревиќ, насловен „Сведоштва за идентитетското име и јазикот (1453-1944)“, вечерва ќе биде промовиран во Музејот на македонската борба за самостојност со почеток во 19 часот.
- Станува збор за значајно дело посветено на македонскиот идентитет, историското паметење и духовната вертикала на македонскиот народ.
- Книгата претставува продолжение на првиот том, кој беше преведуван и објавуван во повеќе земји, а во новото издание се презентираат дополнителни докази, сведоштва и научни согледувања за постоењето и континуитетот на македонскиот идентитет низ историјата.