Промовирана „Везилка“: Македонија се приклучува кон европскиот екосистем за вештачка интелигенција
- Тој оцени дека развојот на вештачката интелигенција веќе создава нови економски модели, отвора нови индустрии и поставува нови стандарди за конкурентност, поради што способноста на државите да генерираат знаење и иновации станува клучен фактор за долгорочен развој.
- Преку стратешко партнерство со фабриката за вештачка интелигенција „Pharos“ во Грција, „Везилка“ ја вклучува државава во европскиот екосистем за вештачка интелигенција и придонесува кон европската визија за доверлива, иновативна и вештачка интелигенција со човекот во центарот.
- Проектот го координира Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) при УКИМ, во соработка со Министерството за дигитална трансформација.
Извори
-
Мицкоски: „Везилка“ претставува почеток на еден процес кој ќе придонесе за посилна наука, поконкурентна економија и поголеми можности за младите
Извор: republika.mk
-
Промовирана „Везилка“: Македонија се приклучува кон европскиот екосистем за вештачка интелигенција
Извор: novamakedonija.com.mk
-
Мицкоски: Со Везилка пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција
Извор: a1on.mk