Проданоски: Првиот хард ендуро полигон во државата носи нови можности за Прилеп
- Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека „Топташ Родео 2026“ повторно покажало дека Прилеп сигурно се позиционира како препознатлива дестинација за хард ендуро и големи спортски настани.
- Според него, Топташ и оваа година бил местото каде што адреналинот, спортскиот дух и љубовта кон мотоспортот создале вистински спектакл, а големиот интерес, одличната атмосфера и бројните натпреварувачи се потврда дека настанот има сериозна иднина.