Проданоски: Карпалак останува вечен симбол на храброста и жртвата за Македонија
- Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, порача дека жртвата на десеттемина прилепски бранители останува вечен потсетник за цената на слободата, мирот и достоинството на татковината.
- Одбележувањето на годишнината започна во текот на вчерашниот ден, кога беше оддадена почит на десеттемина бранители од Прилеп кои ги загубија животите во одбрана на Република Македонија.