ПРИТВОР ЗА ЧЛЕН НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРЕМИЕРОТ: Не толерирам насилство, тоа е уште еден доказ дека законот важи за сите, рече Мицкоски
- Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот за семејно насилство за кое е обвинет член на неговото пошироко обезбедување денеска изјави дека овој случај е уште еден доказ дека законот важи подеднакво за сите и нагласи оти тој не толерира недисциплина не само во рамките на неговото обезбедување, туку и воопшто.
- Тоа е уште еден доказ дека законот важи подеднакво за сите, тука нема никаква дилема, така е и во овој случај.
- Како што беше објавено во дел од медиумите член на поширокото обезбедувањето на премиерот Мицкоски, односно дел од т. н. претходница доби осум дена притвор по пријава за семејно насилство, откако неговата сопруга пријавила дека била физички нападната во семејниот дом.
Извори
-
Мицкоски за притворениот член на обезбедувањето: Законот важи подеднакво за сите, не толерирам недисциплина
Извор: press24.mk
-
Во овој случај гледате мал престап и веднаш системот функционира, Мицкоски за членот на обезбедувањето кој ја истепа сопругата
Извор: a1on.mk
-
Мицкоски за случајот со членот на неговото обезбедување
Извор: 24info.mk
-
ПРИТВОР ЗА ЧЛЕН НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРЕМИЕРОТ: Не толерирам насилство, тоа е уште еден доказ дека законот важи за сите, рече Мицкоски
Извор: denesen.mk