Праисторијата се враќа во Дојран: Се планира музеј на наколна населба во езерото
- Основен проект за изградба на Музеј на отворено во водите на Дојранското Езеро, по примерот на охридската наколна населба, ќе се изработи оваа година.
- Врз основа на археолошки истражувања од 2012 до 2014 година се добија одредени сознанија за карактерот, распоредот и содржината на праисториска наколна населба која во минатото постоела во Дојран.
- Тоа беше почетна основа за размислувањето дека Дојран како туристичко место, исто како и во Охрид, треба да добие Музеј на отворено и во текот на 2017 и 2018 година од Министерството за култура се добија средства за идеен проект, кој откако се изработи беше јавно презентиран.