DAY.MK

обновено 22:24, 28.07.2026

Почна демонтажа на две хидроцентрали на Шар Планина

пред 6 часа 5 извори
Почна демонтажа на две хидроцентрали на Шар Планина

Кратко

  • Ова е резултат на долг и посветен институционален процес, во кој ЈУ Национален парк Шар Планина доследно ги застапуваше стручните, законските и природозаштитните аргументи пред сите надлежни институции, со јасна цел – заштита на долината на Лешница и зачувување на природните вредности на Шар Планина.
  • Во координација со надлежните државни институции почна демонтажата и изнесувањето на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ во долината на Лешница, соопшти Националниот парк Шар Планина.
  • Истовремено, Националниот парк побара враќање на реката Пена во нејзината природна состојба, што подразбира целосна демонтажа на поставените цевководи, нивно изнесување надвор од границите на Националниот парк, отстранување на бетонските конструкции и постепена обнова на природниот речен екосистем“, велат од Националниот парк .

Повеќе статии