Потребна е итна акција за подобрување на имплементацијата на ИПА проектите во животната средина
- Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамет Хоџа, посветена на состојбата и предизвиците во имплементацијата на ИПА проектите во секторот животна средина.
- Сали нагласи дека Министерството за европски прашања ќе продолжи активно да ја координира и следи имплементацијата на реформите, со цел обезбедување на поефикасно користење на ЕУ средствата и постигнување конкретни резултати за граѓаните.
- Како што соопшти Министерството за европски прашања (МЕП), на средбата беше истакнато дека и покрај значајната финансиска поддршка од Европската Унија, реализацијата на проектите се соочува со одредени тешкотии, особено во апсорпцијата на средствата, административниот капацитет и спроведувањето на јавните набавки.
Извори
-
Сали и Хоџа: Потребна е итна акција за подобрување на имплементацијата на ИПА проектите во животната средина
Извор: kurir.mk
-
Сали – Хоџа: Потребна е итна акција за подобрување на имплементацијата на ИПА проектите во животната средина
Извор: zurnal.mk
-
Потребна е итна акција за подобрување на имплементацијата на ИПА проектите во животната средина
Извор: netpress.com.mk
-
Средба Сали-Хоџа: Итна акција за подобра имплементација на ИПА-проектите во животната средина
Извор: press24.mk
Повеќе статии
9 извори
6 извори
4 извори