DAY.MK

обновено 13:00, 21.09.2026

Порака од Сиљановска-Давкова за Јом Кипур: „Да градиме општество со заемно почитување“

пред 3 часа 3 извори
Порака од Сиљановска-Давкова за Јом Кипур: „Да градиме општество со заемно почитување“

Кратко

  • Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.
  • Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка, да се преиспитаме, да побараме прошка и да најдеме сила да простиме“, порача Сиљановска-Давкова.
  • Заеднички да го градиме македонското општество како место во кое секој човек слободно и достоинствено ќе ја живее својата вера, традиција и културен идентитет, а различностите ќе бидат мостови на разбирање, а не линии на поделба, се наведува во честитката на претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова.

Повеќе статии