Поднесено обвинение за три кривични дела против напаѓачот на девојката во Охрид, побаран и притвор
- Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела – Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста.
- Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишниот охриѓанец осомничен за напад врз неговата девојка товарејќи го за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
- Од Обвинителството информираат дека обвинетиот, при вршење семејно насилство, противправно ја затворил оштетената, физички ја нападнал, ѝ нанел повреди и ја загрозил нејзината сигурност.
Извори
- Семејно насилство во Охрид: Обвинителството поднесе обвинение и побара притвор
Извор: mk.tv21.tv
- Обвинение за три кривични дела против охриѓанецот осомничен за напад врз девојката, побаран и притвор
Извор: novamakedonija.com.mk
- Поднесено обвинение за три кривични дела против напаѓачот на девојката во Охрид, побаран и притвор
Извор: brif.mk