DAY.MK

обновено 22:49, 06.03.2026

По повод 8-ми Март: Претседателката на Кривичниот суд ги посети жените во притвор во Затворот Скопје

пред 12 часа 5 извори
По повод 8-ми Март: Претседателката на Кривичниот суд ги посети жените во притвор во Затворот Скопје

Кратко

  • По повод претстојниот 8 Март – Меѓународниот ден на жената, вршителката на должност претседателка на Основен кривичен суд Скопје, судијката Даниела Димовска, денеска го посети притворското одделение во рамки на Затвор Скопје, каде во моментов се сместени 12 жени против кои се води кривична постапка и за кои сѐ уште нема правосилна судска одлука.
  • По повод денот на жената – 8-ми Март, претседателката на судот Даниела Димовска и директорот на КПУ Затвор Скопје -Бобан Утковски упатија честитка до жените сместени во притворското одделение, посакувајќи им сила, достоинство и надеж, нагласувајќи дека почитта кон жената треба да постои без оглед на околностите во кои се наоѓа.
  • Во рамки на посетата, претставниците на судот оствариле и средба со директорот на управата на затворот, Утковски, при што било договорено да се иницираат дополнителни разговори со надлежните институции за подобрување на условите и зајакнување на механизмите за заштита на правата на жените во притворското одделение .

Повеќе статии