Платформата против корупција: Да се повлече предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“
- Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побара од Собранието веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка.
- Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за набавките на таа Фондација да не се применува Законот за јавните набавки.
- Платформата смета дека Фондацијата, која ќе биде основана од Град Скопје и финансирана од буџетот, а и од пари од Европската Унија, е правно лице кое по сите основи треба да има статус на договорен орган кој мора да ги применува одредбите од Законот за јавните набавки.
Извори
-
Платформата на граѓански организации бара повлекување на законот за „Скопје Европска престолнина на културата 2028“
Извор: meta.mk
-
Антикорупциската платформа бара Собранието да го стопира законот со кој Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ е изземена од Законот за јавните набавки
Извор: a1on.mk
-
Платформата против корупција: Да се повлече предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“
Извор: makfax.com.mk
-
Платформата борба против корупцијата со писмо до Гаши бара итно стопирање на донесувањето на Предлог-Законот за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“
Извор: telma.com.mk
-
Платформата против корупција: Да се повлече предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“
Извор: zurnal.mk
Повеќе статии
16 извори
7 извори
5 извори