Пијан стружанец предизвикал сообраќајка
- во 21:12 часот, на регионален пат кај струшкото село Калишта, од слобода е лишен Н. Б. од Струга, кој претходно, управувајќи возило „тојота“ со струшки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода.
- При извршен увид, полициските службеници кај него констатирале 2,56 промили алкохол во крвта.
- По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против стружанецот ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување моторно возило“.
Извори
-
СВР Охрид: Стружанец предизвикал сообраќајка со 2,56 промили алкохол во крвта
Извор: porta.mk
-
Пијан стружанец предизвикал сообраќајка
Извор: netpress.com.mk
-
Со 2,56 промили возел низ Струга, па предизвикал сообраќајка
Извор: skopje1.mk